• Информирајте се за штетните хемикалии во производите!
  • Внимавајте што купувате!
  • Внимавајте на составот на производот кој го купувате!
  • Изберете безбедни алтернативи!
 
 

За Еко-свест
Мисија и визија

Мисијата на Центарот за истражување и информирање „Еко-свест“ е да информира и да промовира решенија за негативните влијанија врз животната средина во Македонија.

„Еко-свест“ има визија да стане професионална организација вклучена во процесот на донесување одлуки од област на животната средина.

Основање

Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година во основен Суд 1 Скопје, под регистарскиот број З.Г. 192/02.

Цели

Центарот за истражување и информирање „Еко-свест“ постои со цел да внесе промени во навиките на граѓаните, да врши мониторинг на имплементација на легислативата, да лобира, да информира за состојбите на животната средина, да застапува, да промовира авангардни ставови кои водат кон одржлив развој.

„Еко-свест“ работи на поле на енергија, транспорт, генетски модифицирани организми и отпад. Во сите овие области делува преку свои проекти, кампањи и активности, насочени кон: информирање на јавноста, подигнување на јавната свест за животната средина и за потребите таа да се зачува; и ги вклучува граѓаните во своите активности.

Како организација се заложува развојните проекти финансирани од јавни пари, вклучувајќи ги и проектите на меѓународните финансиски институции да бидат сигурни по животната средина и по здравјето на луѓето.

Соработка

„Еко-свест“ успешно соработува со домашните и странски организации. Членка е на следните меѓународни организации: CEE Bankwatch Network, South East Europe Development Watch, GENET, Inforse Europe, Kite, WECF (Women in Europe for Common Future) и HEAL (Health and Environment Alliance).


 
  Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!