• Информирајте се за штетните хемикалии во производите!
  • Внимавајте што купувате!
  • Внимавајте на составот на производот кој го купувате!
  • Изберете безбедни алтернативи!
 
 
Средства за чистење
Постои огромен избор на производи за чистење во домаќинствата.

Секогаш кога ќе одбирате производ, погледнете ја етикетата на амбалажата и не купувајте производи кои немаат јасни обележувања, знаци и информации на истата.

Во продолжение погледнете ги најчестите знаци за одбележување на токсични и штетни хемикалии.

Средствата за чистење во домаќинствата би требало да бидат соодветно одбележани со вакви знаци (бидејќи во својот состав честопати имаат штетни хемикалии).

Внимавајте како и каде ги чувате средствата за чистење, бидејќи контактот со нив може да е штетен за Вас, вашето дете и животната средина!
Значење на симболите
Токсично/ Отровно (T)

  • Токсично за здравјето, отровно за луѓе.
  • Во никој случај да не се проголта.
Very toxic - Многу токсично (T+)

  • Хемикалии кои и при многу ниски концентрации се штетни за здравјето.
Опасно (Xn)

  • Хемикалии кои може да се штетни за здравјето.
Иритант (Xi)

  • Избегнувајте контакт со кожата, не го вдишувајте.
  • Може да предизвика иритација на носот или грлото.
Корозивно (C)

  • Избегнувајте контакт со кожата.
  • Може да ја изгори кожата или очите.
  • Се препорачува претпазливо ракување.
Запаливо (F)

  • Ризик од пожар.
  • Никогаш не ги изложувајте овие производи на оган како запалка или кибрит или било кој друг извор на искрење (како електрични прекинувачи).
  • Ваквите материи треба да се чуваат во херметички затворени садови.
Многу запаливо (F+)

  • Хемикалии кои имаат многу ниска точка на палење и точка на вриење, и гасови кои можат да се запалат во контакт со воздух.
Експлозивно (Е)

  • Ризик од експлозија.
Штетно за животната средина (N)

  • Може да предизвика штета на животната средина, да ги загади реките и потоците, да влијае штетно на животинскиот и растителниот свет.
Оксидирачки супстанции (Е)

  • Не се особено опасни како такви, но во комбинација со други запаливи хемикалии стануваат опасни.

 
  Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!