• Информирајте се за штетните хемикалии во производите!
  • Внимавајте што купувате!
  • Внимавајте на составот на производот кој го купувате!
  • Изберете безбедни алтернативи!
 
Козметички производи- список на испитани производи

Во голем број козметички производи се содржат штетни хемикалии. Секогаш кога ќе купувате козметика, проверете на етикетата дали содржи некоја од наведените хемикалии и доколку содржи, избегнувајте ги тие производи. Во продолжение прочитајте ги штетните хемикалии и нивното влијание врз човекот и животната средина, според Директивата 76/768/EEC на Европска Унија.

Руменило
AURA Руменило
  • Talc
    • Може да се употребува во вид на борна киселина до 5%
    • Не смее да се употребува во продукти за деца под 3 години ( може да дојде до инхалација)
  • Phenoxy ethanol
    • Може да се употребува до 1%- претставува иритант за кожа и очи
Сапуни
Cleany - Течен сапун
  • Formaldehyde
    • Сите продукти кои содржат формалдехид мора да имаат назначено предупредување - содржи формалдехид, ако неговата концентрација е над 0,05%
Misty - Течен сапун
  • 5-chloro-2-methyl-4-isothiazolinоne - (Methylchloroisothiazolinone)
    • Може да се употребува како смеса во однос 3:1 со максимална концентрација од 0,0015%
    • Претставува алерген за 1,7% од луѓето.
    • Може да е иритант или да предизвика и хемиски опекотини ако е во чиста форма, или пак во поголема концентрација
  • 2-methyl-4-isothiazolinone – (Methylisothiazolinone)
    • Како конзерванс може да се употребува до концентрација до 0,01%
  • Benzophenone-4
    • Се употребува како УВ филтер, до 5%
Gente Di Mare - Течен сапун
  • Bronopol
    • Како конзерванс може да се користи до концентрација од 0,1%
    • Токсичен е за бели дробови и иритант за кожа и очи.
Teo Body - Сапун
  • Linalool
    • Се вбројува во листата на алергени, ако неговата концентрација е на 0,001% во продукти кои се оставаат и 0,01% во продукти кои се измиваат
Шампони
Herba Шампон - Алкалоид
  • Formaldehyde
    • Сите продукти кои содржат формалдехид мора да имаат назначено предупредување- содржи формалдехид, ако неговата концентрација е над 0,05%
  • Bronopol
    • Како конзерванс може да се користи до концентрација од 0,1%
    • Содржи УВ филтер, не е наведено кој, некои се дозволени, некои во одредени концентрации
Teo Botanical Шампон
  • Linalool
    • Мора да е назначено ако неговата концентрација е повисока од 0.001 % за продукти кои се оставаат, и до 0,01% за продукти кои се измиваат по употреба.
    • Повисока концентрација може да предизвика алергиски реакции
  • Geraniol

  • Methylisothiazolinone
    • Како конзерванс неговата концентрација треба да е до 0,01%
Шампон од камилица- Misty
  • Phenoxyethanol
    • Може да се употребува како конзерванс до концентрација од 1%- во поголема концентрација претставува иритант за очи, кожа или бели дробови, особено ако се проголта
  • Methylchloroisothiazolinone
    • Може да се употребува како смеса во однос 3:1 со максимална концентрација од 0,0015%
    • Претставува алерген за 1,7% од луѓето.
    • Може да е иритант или да предизвика и хемиски опекотини ако е во чиста форма, или пак во поголема концентрација
  • Methylisothiazolinone
    • Како конзерванс неговата концентрација треба да е до 0,01%
Ilirija- koprivni sampon
  • Bronopol
    • Како конзерванс неговата концентрација треба да е до 0,01%
    • Токсичен е за бели дробови и иритант за кожа и очи.
  • Coumarin
    • Се вбројува во листата на алергени ако неговата концентрација е над 0,001% во продукти кои не се измиваат, и 0,01% во продукти кои се измиваат. Ако станува збор за концентрација повисока од дозволената, тоа мора да биде назначено.
EXTRA- шампон од коприва
  • Cocamide DEA
    • Алерген, предизвикува контактен дерматитис, особено треба да внимаваат луѓе подложни на кожни алрегии.
  • Bronopol
    • Како конзерванс неговата концентрација треба да е до 0,01%
    • Токсичен е за бели дробови и иритант за кожа и очи.
Бои за коса
BEAUTY - боја за коса
  • Боја:
    • Ammonia
      • Ако концентрацијата му е над 2% мора да биде назначено на самата амбалажа
    • Cocamide DEA
      • Алерген, предизвикува контактен дерматитис, особено треба да внимаваат луѓе подложни на кожни алрегии.
    • 4-amino-2-hydroxytoluene
      • Дозволен во бои за фарбање до 3%, а ако се користи во комбинација со хидроген пероксид тогаш макслимална дозволена концентрација е 1,5%.
    • m-aminophenol
      • Максимална дозволена концентрација е 2%, а во комбинациа со хидроген пероксид до 1%
      • Токсичен е за акватични организми.
      • Опасен ако се вдише или голтне.
  • Развивач на боја:
    • hydrogen peroxide
      • Дозволено до 12 %
      • На амблажата мора да е наведено дека го содржи и :
        • Избегнувајте контакт со очи
        • Измијте веднаш ако продуктот дојде во контакт со нив
        • При користење, мора да се носат ракавици.
  • Течност:
    • Cetrimonium chloride
      • Како конзерванс може да се користи до 0,1%
      • Во повисоки концентрации е може да е токсичен за човековата кожа
    • bronopol
      • Како конзерванс може да се користи до концентрација од 0,1%
      • Токсичен е за бели дробови и иритант за кожа и очи.
Style - боја за коса
  • Боја:
    • Ammonium hydroxide
      • Може да се употребува во концентрација до 6%, но ако неговата концентрација е над 2%, тоа треба да биде означено
    • Cocamide DEA
      • Алерген, предизвикува контактен дерматитис, особено треба да внимаваат луѓе подложни на кожни алрегии.
      • Може да се употребува во концентрација до 6%, но ако неговата концентрација е над 2%, тоа треба да биде означено
    • 4-amino-2-hydroxytoluene
      • Може да се употребува во концентрација до 1,5% по мешање со хидроген пероксид.
      • Повисока концентрација може да предизвика алeргиска ракција, а ако дојдде во допир со очи да предизвика нивна иритација.
    • m-aminophenol
      • Во комбинација со хидроген пероксид може да се употребува во максимана концентрација од 1%.
      • Токсичен е и опасен и за средината, особено за акватични организми
    • p-aminophenol

    • p-phenylendiamine
      • Може да се користи во максимална концентрација од 6%
      • Претставува иритант, и на продуктите кои го содржат мора да биде означено:
        • Содржи фенилдиамини
        • Не употребувајте за фарбање на трепки или веѓи
        • Токсичен е и опасен и за средината, особено за акватични организми
    • Resorcinol
      • Во комбинација со хидроген пероксид може да се користи во концентрација до 1%.
      • Претставува иритант, токсичен е за средината, особено за акватчни организми
      • Опасен ако се проголта.
    • Toluene-2,5-diamine sulfate
      • Во вид на слободна база може да се употребува во концентрација до 10%
      • Токсичен е за средината, опасен ако се вдише и при контакт со кожа.
    • Sodium metabisulfite
      • Се употребува како конзерванс во максимална концентрација од 0,2%
      • Претставува иритант, опасен ако се проголта, постои ризик за сериозно оштетување на очите ако дојде во контакт со нив.
    • Citronellol
      • Мора да е назначено ако неговата концентрација е повисока од 0.001 % за продукти кои се оставаат, и до 0,01% за продукти кои се измиваат по употреба.
      • Повисока концентрација може да предизвика алергиски реакции, особено треба да ги избегнуваат луѓе кои се подложни на алергиски реакции.
    • Lianlool
      • Се вбројува во листата на алергени, ако неговата концентрација е на 0,001% во продукти кои се оставаат и 0,01% во продукти кои се измиваат.
    • 2,4-diaminophenoxyethanol HCL
      • Може да се употребува во концентрација до 4%, а во комбинација со хидроген пероксид до 2%
  • Развивач на боја:
    • hydrogen peroxide
      • Може да е присутен во максимална концентрација од 12%, при што на самиот продукт мора да е назначено:
        • Содржи хидроген пероксид
        • Избегнувајте контакт со очи, измијте веднаш ако продуктот дојде во контакт со нив
        • Продуктот мора да препорачува да се носат ракавици при негова употреба.
    • Salicylic acid
      • Се употребува како конзерванс во максимална концентрација од 0.5%
      • Опасна ако се проголта, вдише или апсорбира преку кожата.
      • Влијае на централен нервен систем, бубрези и панкреас.
      • Предизвикува иритација на кожата, очите и респираторниот систем.
  • Регенератор за коса:
    • Citronellol
      • Мора да е назначено ако неговата концентрација е повисока од 0.001 % за продукти кои се оставаат, и до 0,01% за продукти кои се измиваат по употреба .
      • Повисока концентрација може да предизвика алергиски реакции, особено треба да ги избегнуваат луѓе кои се подложни на алергиски реакции.
    • bronopol
      • Како конзерванс може да се користи до концентрација од 0,1%
      • Токсичен е за бели дробови и иритант за кожа и очи.
    • Cetrimonium chloride
      • Може да се употребува како конзерванс во концентрација до 0,1%
      • Во повисоки концентрации може да е токсичен за човековата кожа.
Palete - боја за коса
  • Боја:
    • Ammonium hydroxide
      • Може да се употребува во концентрација до 6%, но ако неговата концентрација е над 2%, тоа треба да биде означено
    • Toluene-2,5-diamine sulfate
      • Во вид на слободна база може да се употребува во концентрација до 10%
      • Токсичен е за средината, опасен ако се вдише и при контакт со кожа.
    • 2,4-diaminophenoxyethanol HCL
      • Може да се употребува во концентрација до 4%, а во комбинација со хидроген пероксид до 2%
    • Resorcinol
      • Во комбинација со хидроген пероксид може да се користи во концентрација до 1%.
      • Претставува иритант, токсичен е за средината, особено за акватчни организми
      • Опасен ако се проголта.
    • Butylphenyl methylpropional
      • Се вбројува во листата на алергени, ако неговата концентрација надминува 0,001% во продукти кои се измиваат и 0,01% во продукти кои се оставаат.
    • Lanalool
      • Се вбројува во листата на алергени, ако неговата концентрација е на 0,001% во продукти кои се оставаат и 0,01% во продукти кои се измиваат
    • Citronellol
      • Мора да е назначено ако неговата концентрација е повисока од 0.001 % за продукти кои се оставаат, и до 0,01% за продукти кои се измиваат по употреба .
      • Повисока концентрација може да предизвика алергиски реакции, особено треба да ги избегнуваат луѓе кои се подложни на алергиски реакции.
    • Potassium hydorxide
      • Може да се употребува до 2%
      • Мора да е обележано на амбалажата:
        • Содржи алкалии
        • Избегнувајте контакт со очи
        • Може да предизвика слепило
        • Да се држи вон дофат на деца
        • Токсичен или опасен, особено за продукти кои се нанесуваат околу и на устата.
        • Корозивен е, може да предизвика опекотини
  • Маска:
    • Cetrimonium chloride
      • Како конзерванс може да се користи до 0,1%.
      • Во повисоки концентрации е може да е токсичен за човековата кожа.
    • Phenoxyethanol
      • Како конзерванс може да се користи во концентрација до 1%, во поголема концентрација преставува иритант.
    • Methylparaben
      • Ако се користи само еден, неговата концентрација не смее да биде над 0,4%, а ако се користи смеса од парабени тогаш концентрацијата не треба да е повисока од 0,8%, бидејќи може да има потенцијални ендокрини ефекти
Гелови за коса
Professional Styling Gel
  • Methylchloroisothiazolinone
    • Може да се употребува како смеса во однос 3:1 со максимална концентрација од 0,0015%
    • Претставува алерген за 1,7% од луѓето.
    • Може да е иритант или да предизвика и хемиски опекотини ако е во чиста форма, или пак во поголема концентрација
  • Methylisothiazolinone
    • Како конзерванс неговата концентрација треба да е до 0,01%
Neutro Natural Gel
  • Triethanolamine
    • Може да се употребува во концентрација до 2,5%.
    • Претставува иритант за кожа и очи
    • Предизвикува тумор кај женски глувчиња
    • Токсичен е за некои водни видови организми.
  • Bronopol
    • Како конзерванс може да се користи до концентрација од 0,1%
    • Токсичен е за бели дробови и иритант за кожа и очи.
Rubella TOP TEN - гел за коса за мажи
  • Triethanolamine
    • Може да се употребува во концентрација до 2,5%.
    • Претставува иритант за кожа и очи
    • Предизвикува тумор кај женски глувчиња
    • Токсичен е за некои водни видови организми.
  • Bronopol
    • Како конзерванс може да се користи до концентрација од 0,1%
    • Токсичен е за бели дробови и иритант за кожа и очи.
  • Linalool
    • Мора да е назначено ако неговата концентрација е повисока од 0.001 % за продукти кои се оставаат, и до 0,01% за продукти кои се измиваат по употреба .
    • Повисока концентрација може да предизвика алергиски реакции
  • Butulphenyl methylpropional
    • Претставува алерген, ако неговата концентрација е над 0,001% во продукти кои не се измиваат, и 0,01% во продукти кои се измиваат, на кои треба да е назначено доколку концентрацијата е повисока.
Лак за коса
CLIVEN - лак за коса
  • Aminomethyl propanol
    • Иритант е за очи и кожа
  • Amyl cinnamal
    • Мора да е назначено ако неговата концентрација е повисока од 0.001 % за продукти кои се оставаат, и до 0,01% за продукти кои се измиваат по употреба .
    • Повисока концентрација може да предизвика алергиски реакции
  • Citronellol
    • Мора да е назначено ако неговата концентрација е повисока од 0.001 % за продукти кои се оставаат, и до 0,01% за продукти кои се измиваат по употреба .
    • Повисока концентрација може да предизвика алергиски реакции
  • Coumarin
    • Се вбројува во листата на алергени ако неговата концентрација е над 0,001% во продукти кои не се измиваат, и 0,01% во продукти кои се измиваат.
    • Ако станува збор за концентрација повисока од дозволената, тоа мора да биде назначено.
  • Eugenol, Geraniol, Isoeugoenol
    • Мора да е назначено ако неговата концентрација е повисока од 0.001 % за продукти кои се оставаат, и до 0,01% за продукти кои се измиваат по употреба .
    • Повисока концентрација може да предизвика алергиски реакции
GISELLE - лак за коса
  • Potassium hyroxide
    • Може да се употребува до 2%
    • Мора да е обележано на амбалажата:
      • Содржи алкалии
      • Избегнувајте контакт со очи, може да предизвика слепилo
      • Чувајте го подалеку од дофат на деца
      • Токсичен или опасен, особено за продукти кои се нанесуваат околу и на устата.
      • Корозивен е, може да предизвика опекотини
  • Alpha - isomethylionone
    • Се вбројува во листата на алергени, ако неговата концентрација е на 0,001% во продукти кои се оставаат и 0,01% во продукти кои се измиваат
  • Benzyl salicylate
    • Се вбројува во листата на алергени, ако неговата концентрација е на 0,001% во продукти кои се оставаат и 0,01% во продукти кои се измиваат
  • Eugenol
    • Мора да е назначено ако неговата концентраcија е повисока од 0.001 % за продукти кои се оставаат, и до 0,01% за продукти кои се измиваат по употреба
    • Повисока концентрација може да предизвика алергиски реакции
  • Citronellol
    • Мора да е назначено ако неговата концентраcија е повисока од 0.001 % за продукти кои се оставаат, и до 0,01% за продукти кои се измиваат по употреба
    • Повисока концентрација може да предизвика алергиски реакции, особено треба да ги избегнуваат луѓе кои се подложни на алергиски реакции.
  • Coumarin
    • Се вбројува во листата на алергени ако неговата концентрација е над 0,001% во продукти кои не се измиваат, и 0,01% во продукти кои се измиваат.
    • Ако станува збор за концентрација повисока од дозволената, тоа мора да биде назначено.
  • Linalool
    • Се вбројува во листата на алергени, ако неговата концентрација е на 0,001% во продукти кои се оставаат и 0,01% во продукти кои се измиваат
  • Hydroxycitronellal
    • Се вбројува во листата на алергени, ако неговата концентрација е на 0,001% во продукти кои се оставаат и 0,01% во продукти кои се измиваат
Крема за депилација
Afrodita- крема за депилација
  • Caclcium hydroxide
    • Дозволен како pH регулатор, ако pH не е над 12,7.
    • Мора да е назначено:
      • Содржи алкалии
      • Избегнувајте контакт со очи,
      • Чувајте го подалеку од дофат на деца
  • Methylparaben
    • Ако се користи само еден, неговата концентрација не смее да биде над 0,4%, а ако се користи смеса од парабени тогаш концентрацијата не треба да е повисока од 0,8%, бидејќи може да има потенцијални ендокрини ефекти
  • 2-(4-terc-butylbenzyl)propionaldehyde
    • Се вбројува во листата на алергени ако неговата концентрација е повисока од 0,001% во продукти кои се оставаат и 0,01% во продукти кои се измиваат по употреба

  • Thioglycolic Acid
    • Може да се употребува во концентрација од 5% при pH 7-12,7 и 2% при pH 7-9,5, ако веднаш по аплицирање се отстрани.
    • Оваа киселина е токсична и корозивна.
Cliven - крема за депилација
  • Butylphenyl methylpropional
    • Претставува алерген, ако неговата концентрација е над 0,001% во продукти кои не се измиваат, и 0,01% во продукти кои се измиваат, на кои треба да е назначено доколку концентрацијата е повисока.
  • Sodium hydroxide
    • Дозволен ако pH е до 12,7.
    • Треба да е назначено:
      • Избегнувајте контакт со очи
      • Чувајте го подалеку од дофат на деца
  • Methylparaben, ethylparaben
    • Ако се користи само еден неговата концентрација не смее да биде над 0,4%, а ако се користи смеса од парабени тогаш концентрацијата не треба да е повисока од 0,8%, бидејќи може да има потенцијални ендокрини ефекти
  • Hydroxyisohexyl 3-cyclohexene carboxaldehyde
    • Претставува алерген, ако неговата концентрација е над 0,001% во продукти кои не се измиваат, и 0,01% во продукти кои се измиваат, на кои треба да е назначено доколку концентрацијата е повисока.
AROMA - крема за депилација
  • Potassium hydorxide
    • Може да се употребува до 2%
    • Мора да е обележано на амбалажата:
      • Содржи алкалии
      • Избегнувајте контакт со очи, може да предизвика слепило
      • Чувајте го подалеку од дофат на деца
      • Токсичен или опасен, особено за продукти кои се нанесуваат околу и на устата.
      • Корозивен е, може да предизвика опекотини
VEET - Восок за депилирање
  • Potassium thioglycolate
    • Ако е 5% или 2% при pH 7-9,5 по нанесувањето мора брзо да се отсртани и треба да има предупредуваање ( во овој случај нема)
  • Calcium hydroxide
    • Се употребува како pH регулатор
    • На продуктот мора да е означено:
      • Избегнувајте контакт со очи
      • Да се држи настрана од дофат на деца
      • Содржи алкалии
  • Talc
    • Може да се употребува во вид на борна киселина до 5%
    • Не смее да се употребува во продукти за деца по 3 години ( може да дојде до инхалација)
    • Не смее да се употребува на иритирана кожа
Крема за раце
Ruza - Крема за раце
  • Bronopol
    • Како конзерванс може да се користи до концентрација од 0,1%
  • Citral
    • Се вбројува во листата на алергени ако неговата концентрација е повисока од 0,001% во продукти кои се оставаат и 0,01% во продукти кои се измиваат по употреба
  • Benzyl alcohol

  • Methyl and ethylparaben
    • Ако се користи само еден неговата концентрација не смее да биде над 0,4%, а ако се користи смеса од парабени тогаш концентрацијата не треба да е повисока од 0,8%, бидејќи може да има потенцијални ендокрини ефекти.
Пудра за лице
Max Factor - Течна пудра за лице
  • Talc
    • Може да се употребува во вид на борна киселина до 5%
    • Не смее да се употребува во продукти за деца под 3 години ( може да дојде до инхалација)
  • Dehydroacetic acid
    • Како конзерванс максимум до 0,6%
  • Propyl and methylparaben
    • Ако се користи само еден неговата концентрација не смее да биде над 0,4%, а ако се користи смеса од парабени тогаш концентрацијата не треба да е повисока од 0,8%, бидејќи може да има потенцијални ендокрини ефекти.
Крема за потемнување
Carroten - Summer Shine
  • Methylparaben, ethylparaben
    • Ако се користи само еден, неговата концентрација не смее да биде над 0,4%, а ако се користи смеса од парабени тогаш концентрацијата не треба да е повисока од 0,8%, бидејќи може да има потенцијални ендокрини ефекти
  • Phenoxyethanol
    • Може да се употребува до 1% како конзерванс- претставува иритант за кожа и очи
  • Buтul, propyl, isobutylparaben
    • Конкретно за нив сеуште се чекаат дополнителни истражување за нивната безбедност, а главно за парабените , можат да се користат до 0,4% ако се работи за еден естер, и до 0,8 % ако се работи за смеса на естери.
Регенератор за коса
Balzamo
  • Cetrimonium chloride
    • Како конзерванс може да се употребува до 0,1 %- претставува иритант.
    • Во повисоки концентрации може да е токсичен за човековата кожа.
  • Methylisothiazolinone
    • Како конзерванс неговата концентрација треба да е до 0,01%
  • Methylchloroisothiazolinone
    • Може да се употребува како смеса во однос 3:1 со максимална концентрација од 0,0015%
    • Претставува алерген за 1,7% од луѓето.
    • Може да е иритант или да предизвика и хемиски опекотини ако е во чиста форма, или пак во поголема концентрација
  • Benzyl alcohol
    • Може да се употребува како конзерванс до 1%.
    • Токсичен и опасен, особено во продукти кои се нанесуваат околу и на устата.
Нега на коса
Hair care - кокос
  • Cetrimonium chloride
    • Како конзерванс може да се употребува до 0,1 %- претставува иритант.
    • Во повисоки концентрации е може да е токсичен за човековата кожа.
  • Methylisothiazolinone
    • Како конзерванс неговата концентрација треба да е до 0,01%
  • Methylchloroisothiazolinone
    • Може да се употребува како смеса во однос 3:1 со максимална концентрација од 0,0015%
    • Претставува алерген за 1,7% од луѓето.
    • Може да е иритант или да предизвика и хемиски опекотини ако е во чиста форма, или пак во поголема концентрација
Стик за под пазуви
Five - стик за под пазуви
  • DMDM Hydantion
    • Може да се употребува како конзерванс до 0,6%, во поголема концентрација претставува иритант.
    • DMDM hydantoin се користи како конзерванс бидејќи ослободува формалдехид кој ја прави средината помалку погодна за раст на микроорганизми. Ако ослободениот формалдехид е во концентрација поголема од 0.05%, мора да биде наведено на амблажата дека содржи формалдехид.
    • Сомнително: малку состојки наведени на продуктот.
Ацетон
Aura Ацетон
  • Benzophenone-3
    • Се употребува како УВ филтер, до 10 %, при што мора да е назначено на амбалажата.
    • Има штетно влијание врз ендокриниот систем.

Испитани продукти во кои нема најдено штетни состојки

  • Галафарм - лосион за лице
  • Дена - крема за раце
  • Зацврстнувач на нокти

  Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!