• Информирајте се за штетните хемикалии во производите!
  • Внимавајте што купувате!
  • Внимавајте на составот на производот кој го купувате!
  • Изберете безбедни алтернативи!
 
 

Безбедни Алтернативи

Постојат голем број на ефтини, лесни за употреба, природни алтернативи кои се сосема безбедни за да ги заменат комерцијалните продукти за домашна хигиена и нега на вашата кожа и тело.

Основни состојки кои ги имате во вашата кујна можат да се употребат како не-токсични и безбедни средства за користење.

Погледнете ги овие извонредни совети и рецепти:


Во купатилото
Чистење на туш и када
  • Наполнете шише со прскалка до половина со вода и половина бел оцет, испрскајте ги површините и оставете 5 минути да стои, потоа избришете.
  • Помешајте сода бикарбона со оцет, истурете во лавабото, измијте со топла вода за да се отпуши одводот.
  • Исто така, сок од лимон можете да го употребувате за чистење на бигор. Нанесете го, оставете го 15 минути и потоа избишете.
Чистење на WC школка
  • Ставете 1 чаша сода бикарбона и една чаша бел оцет во школката, оставете 10 минути, потоа исчистете со четка и пуштете вода.
  • Избришете ја WC школката со масло од чајно дрво и ќе добиете анти-бактериска заштита.
  • Истурете една или две капсули од 1000 милиграма витамин Ц во WC школката пред да си легнете навечер. Наутро употребете ја четката за чистење и пуштете вода.
Чистење на огледало
  • Нанесете еукалиптусово масло на крпче или парче весник и избришете.
  • Измешајте оцет и вода, ставете ги во прскалка, испрскајте го огледалото и избришете.
Во кујната
Чистење на површини
  • Употребете сода бикарбона на крпче за да го исчитите лавабото,прозорците и фрижидерот.
Детерегент за миење садови
  • Употребете чист сапун за да ги измиете садовите и додадете бел оцет во водата со која што ќе ги измиете, за да им дадете додатна сјајност на садовите.
Чистење на рерна
  • Растворете 3 лажици сода во 1 литар топла вода. Нанесете на рерната, оставете 20 минути и исчистете. За тврдокорни дамки, рибајте со челична волна (жица) и сода бикарбона.
Чистење на сребро
  • Завиткајте една чинија со алуминиумска фолија, наполнете ја со топла вода, додадете ? шолја сол. Ставете го среброто внатре и оставете го се додека флеките не исчезнат.
Чистење на бакар
  • Кечапот е одличен за чистење бакар.
Во дневната
Чистење прозори
  • Додадете половина литар бел оцет на 1 литар топла вода и избришете ги прозорците со помош на крпа натопена во течноста. Потоа поминете со парче весник за да се исушат и да се исполираат.
Полирање на мебел
  • Употребете маслиново масло за нелакиран мебел. Испрскајте и избришете со сува и чиста крпа.
  • За лакирано дрво, измешајте 2 лажици маслиново масло со 1 лажица бел оцет и 1 литар вода. Испрскајте и избришете со сува и чиста крпа.
За чистење тепих
  • Сода бикарбона може да се употребува за чистење, рибање, полирање и за отстранување на дамки. Употребувјате ја на тепихот и за свеж мирис
  • Штирак е исто така добар чистач. Посипете на тепих за да го исчистите и да го намирисате.
За добар мирис во вашиот дом
  • Употребете зовриен цимет или каранфилче во загреана вода. Или пак, ставете во сад малку екстракт од ванила.
Нега на кожа и тело
Маска за лице од мед
  • 1 лажица мед измешајте ја со 2 лажици ситно мелени бадеми и половина лажица сок од лимон. Со оваа смеса исчистете го лицето, тријте нежно, а потоа измијте го со топла вода.
Маска за лице и коса од бадемово масло

Потребни состојки :

  • 1 јајце
  • 1 лажичка бадемово масло
  • неколку капки свежо исцеден лимонов сок
Сите состојки добро се мешаат неколку минути, додека не се добие еднолична маса. Вака приготвената маска се нанесува на лицето и вратот и се остава да стои 15 минути. На крајот маската се отстранува со плакнење со ладна вода. Истата маска може да се користи и за нега на косата. Приготвената маска се нанесува рамномерно на кожата на главата и на косата и се остава да стои околу 1 час, по што косата се мие со благ шампон.



Маска за природен лифтинг
  • Изматете белка од јајце, нанесете ја на лицето и нека делува 15 минути, а потоа измијте со млака вода и лицете намачкајте го со хидратантна крема. Ефектите од овој третман се видливи по два часа по миењето, но ако ова го повторувате неколку пати неделно, резултатите ќе бидат трајни.
Пилинг за мазна кожа
  • Измешајте две лажици изрендана лимунова кора, две лажици пченкарно брашно, шест лажици мелени бадеми и две до три лажици вода. Маската нанесете ја на лицето и нежно масирајте со кружни движења неколку минути. Измијте го со млака вода, избришете го со мек пешкир и нанесете хидратантна крема.
Освежувач за сите видови кожа

Потребни состојки:

  • 120мл минерална вода
  • 6 капки масло од лаванда
Ставете го маслото и минералната вода во стерилизирана тегла со капаче. Затворете и протресете добро, и пренесете во стерилизарна прскалка. Ставете на лицето.Чувајте во фрижидер и може да го употребувате до 2 недели.



Mаска за коса од рицинусово масло

Потребни состојки :

  • 1 жолчка од јајце
  • 2 супени лажици рицинусово масло
  • 1 супена лажица глицерин
  • неколку капки свежо исцеден сок од лимон
Состојките добро се мешаат, се додека не се добие хомогена смеса. Добиената смеса се нанесува рамномерно на кожата на главата и на косата и се остава да стои околу 1 час, по што косата се мие со благ шампон.



Oреово масло

За нега на косата, маслото се нанесува на косата и кожата на главата, со благо масирање и се остава да стои 1 час, а потоа се мие со благ шампон.



Спреј за коса

Потребни состојки:

  • 1 или 2 лимони или портокали
  • 2 чаши вода
Исецкајте еден лимон, или портокал за сува коса. Ставете ги во чинија и посипете 2 чаши топла вода и варете ги. Потоа изладете и процедете. Ако е потребно , додајте уште вода. Ставете го во прскалка и чувајте во фрижидер.



Гел за коса

Потребни состојки:

  • 1 лажичка неароматизиран желатин
  • 1 чаша млака вода
Растворете 1/2 до 1 лажичка неароматизиран желатин во 1 чаша млака вода. Чувајте ги во фрижидер и употребајте го како и купениот гел.



Регенератор

Потребни состојки:

  • 1 жолчка од јајце
  • 1/2 лажиче маслиново масло
  • 3/4 шолја млака вода
Изматете ја жолчката, додадете маслиново масло и промешајте добро. Потоа додадете ја водата во мешавината со јајце и промешајте добро. Масирајте на чиста, влажна коса. Исплакнете со многу топла вода по околу 10 минути.



Шампон за коса

Потребни состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 јајце
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажичка јаболков оцет
Ставете ги сите состојки во мешалка и мешајте додека добро да се искомбинираат. Користете како редовен шампон.



Третман за раце од бадем

Потребни состојки:

  • Бадемово масло
  • Стаклена тегла
  • Морска сол
  • Eтерично масло
Варете ја теглата во вода за да се стерилизира, потоа исушете ја. Ставете две чаши морска сол во теглата и додате две чаши бадемово масло. Додадете и две капки етерично масло, и убаво измешајте ја смесата. Нанесете на рацете и нежно масирајте неколку минути, потоа измијте со топла вода.


 
  Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!