• Информирајте се за штетните хемикалии во производите!
  • Внимавајте што купувате!
  • Внимавајте на составот на производот кој го купувате!
  • Изберете безбедни алтернативи!
 
 
Играчки
За Вашето дете одбирајте само безбедни играчки од проверени и реномирани производители (проверете на етикетата дали производителот е сертифициран и работи согласно европски стандарди). Во Македонија до сега пронајдовме играчки кои во својот состав содржат хемикалии кои се штетни за човековото здравје. Играчките кои ќе ги видите во продолжение не ги купувајте, бидејќи докажано содржат штетни хемикалии и тешки метали (фталати, бензен, формалдехид, толуен, а-пинен, етил бензен, фенол, ацетофенон, хром и олово).

Според Директива 76/769/EEC, 67/548/EEC, европски стандард EN 71 и REACH регулативата на Европска Унија, пронајдените хемикалии се забранети за употреба во играчки.

За поголем број на играчки докажани дека се штетни по здравјето кликнете тука.
Производ: Меури од сапуница
Производител: Prehistoric bubbles
Земја на потекло: Кина

Продуктот претставува микробиолошки ризик поради течноста во него која содржи значителни количини на аеробни микроби.

Продуктот не е според Директивата за играчки на ЕУ.
Производ: Пластични диносауруси-Светот на диносаурусите
Производител: Dausini
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи содржи 0.47% масен удел од di-“isononyl” phthalate (DINP), 0.83% од bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP) и 1.04% of dibutyl phthalate (DBP).

Според REACH регулативата, фталатите DEHP, DBP и BBP се забранети во сите играчки, додека фталатите DINP, DIDP и DNOP се забранети кога играчката може да дојде во контакт со устата на детето.
Производ: Топка
Производител: Softis
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи содржи:
  • 22-26% bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP) во материјалот од вештачка кожа;
  • 98 mg/kg олово во материјалот од вештачка кожа.
Според REACH регулативата, фталатите DEHP, DBP и BBP се забранети во сите играчки, додека фталатите DINP, DIDP и DNOP се забранети кога играчката може да дојде во контакт со устата на детето.

Овој производ не е според на директивата за играчки и на европски стандард EN 71.
Производ: Пластични топки
Производител: DQ - Da Qian
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен за деца бидејки содржи 13% масен удел bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP).

Според REACH Регулативата наведените фталати во играчките се забранети.
Производ: Гитара на дување
Производител: Vidal
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи:
  • провидниот пластичен материјал од вентилот содржи 0.76% масен удел од bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP) и 35.2% масен удел di-"isononyl" phthalate (DINP)
  • телото од зелена пластика содржи 2.5% масен удел bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP) и 12.8% од масата од di-"isononyl" phthalate (DINP)


Според REACH Регулативата наведените фталати во играчките се забранети.
Производ: Фломастери
Производител: Kik
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи секој од фломастерите (пр. Црвениот, жолтиот, розевиот итн) содржи бензен од 19 до 308 mg/kg.

Производот не е според REACH Регулативите.
Производ: Топчиња за рекети
Производител: CIGIOKI
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи содржи 6.3% масен удел од bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP).

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, наведените фталати во играчките се забранети
Производ: Животински фигури – Диво животно, Свет на диносауруси, Фарма сет
Производител: Ausini
Земја на потекло: Кина

Продуктите се хемиски ризични со својот состав бидејќи содржат 1.7% од масата bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP).

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Топка за скокање
Производител: Biltema
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи соджи 43% од масата bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP).

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Кадифени Коцки
Производител: LiHONG, Healthy & Happy Dodo
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи точките кои се од пластичен материјал содржат 17.5% масен удел од bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP).

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Прстенеста пирамида Кловн
Производител: Biltema
Земја на потекло: Тајланд

Производот е опасен по здравјето на децата:
  • од ослободување на метал, бидејќи во зелената боја има олово 290 mg/kg додека пак границата според релевантен Европски стандард EN 71-3 е 90 mg/kg. Оловото е отровен тежок метал и е опасно по здравјето особено кај мали деца.


Овој производ не ја исполнува директивата за играчки.
Производ: Јојо играчка- Јо Јо пуфкаста топка
Производител: Непознат
Земја на потекло: Кина

Оваа играчка претставува хемиски ризик бидејќи содржи испарливи хемиски супстанции, вклучувајќи toluene, a- pinane, и ethyl benzene. Овие супстанции се опасни и иритирачки со можен ефект врз централниот нервен систем.

Обележувањето на опасностите не е доволно видливо и големо.
Овој производ не се покорува на директивата за играчки и на европски стандард EN 71.
Производ: Домашно животно - крава
Производител: WIKY
Земја на потекло: Кина

Пластичниот материјал содржи 1% масен удел bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP) и 7.38 % масен удел Di-isononyl phthalate (DINP).

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Бебе Играчка
Производител: Be My Baby
Земја на потекло: Кина

Раката на куклата содржи 46% масен удел bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP) и ногата содржи 29% масен удел од bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP).

Според REACH регулативата, фталатите DEHP, DBP и BBP се забранети во сите играчки, додека фталатите DINP, DIDP и DNOP се забранети кога играчката може да дојде во контакт со устата на детето.
Производ: Кукла - Невеста
Производител: eLaine
Земја на потекло: Кина

Пластичниот материјал, од кој куклата и нејзините додатоци се направени, содржат од 4.4% до 25.2% масен удел од bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP).

Според REACH регулативата, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Кукла Amy
Производител: LITTLE Amy
Земја на потекло: Кина

Содржи 16% масен удел од bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP) и 0.39% масен удел од di-"isononyl" phthalate (DINP).

Според REACH регулативата, одредени фталати во играчките се забранети
Производ: Принцеза марионета
Производител: Fiesta crafts
Земја на потекло: Кина

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Базен за деца на дување
Производител: Bestway
Земја на потекло: Кина

Овој производ содржи 11.9% масен удел di-“isononyl” phthalate (DINP).

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Кукла – бебе Џереми
Производител: Deluxe
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи главата на куклата содржи 24% масен удел di-“isononyl” phthalate (DINP), раката содржи 25% масен удел DINP и ногата 28% од DINP.

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Пластично чамче на надувување – Базенски Крстосувач
Производител: INTEX
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи вентилот соджи 0,44 % масен удел од di-isononyl-phthalate (DINP), жолтата пластична фолија содржи 20,2 % масен удел од DINP и лпавата пластична фолија содржи 22,6 % масен удел од DINP, кој го преминува максимално дозволеното количество од 0,1%.

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети и релевантниот европски стандард EN 71-1.
Производ: Кукла
Производител: Xu Shun Wan Ju
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи пластичниот материјал на главата содржи 19.9 % масен удел од bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP) и 0.56% удел од di-“isononyl” phthalate (DINP).

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Кукла сет - Малечките
Производител: Kid Kore
Земја на потекло: Хонг Конг

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи чевлите на куклата содржат phenol на ниво 980 mg/kg додека границата е 150 mg/kg. Фенолот може да предизвика разни симптоми на труење. Производот не ги исполнува директивите за играчки и релевантниот Европски стандард EN 71-3.
Производ: Сет за шминкање
Производител: DROMADER
Земја на потекло: Кина

Производот може да претставува ризик од хемиска реакција, поради високото ниво на хром (во зелената сенка за очи).

Производот не ја исполнува директивата за играчки, како и релевантниот Европски стандард EN 71.
Производ: Гума на надувување
Производител: INTEX
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав бидејќи содржи 10% масен удел од bis (2-ethylhexyl) phthalate (DEHP).

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Сложувалка од сунѓер - Принцеза
Производител: Disney
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав поради тоа што има присуство на acetophenone, супстанца класифицирана според Директива 67/548/EEC како опасна доколку се проголта и може да ги иритира очите.
Производ: Сложувалка од сунѓер
Производител: Cigioki
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав поради тоа што има присуство на acetophenone, супстанца класифицирана според Директива 67/548/EEC како опасна доколку се проголта и може да ги иритира очите.
Производ: Сложувалка од сунѓер – Ева
Производител: Непознат
Земја на потекло: Кина

Продуктот е хемиски ризичен со својот состав поради тоа што има присуство на acetophenone, супстанца класифицирана според Директива 67/548/EEC како опасна доколку се проголта и може да ги иритира очите.
Производ: Сложувалка од сунѓер - Quadrotti Morbidotti
Производител: Ronchi Supertoys
Земја на потекло: Малезија

Производот претставува хемиски ризик поради присуството на аcetophenone, супстанција класифиирана според Директивата 67/548/EEC како опасна ако се проголта и претставува иритант за очите.
Производ: Производ : Дрвени сложувалки(Фарма, Пијалоци, Водни животни, Кловн)
Производител: Непознат
Земја на потекло: Непозната

Продуктот претставува:
  1. хемиски ризик бидејќи сложувалката ослободува 180 mg/kg formaldehyde кој ја надминува максималната граница од 80 mg/kg
  2. хемиски ризик бидејќи сложувалката ослободува 230 mg/kg formaldehyde кој ја надминува максималната граница од 80 mg/kg
  3. хемиски ризик бидејќи сложувалката ослободува 205 mg/kg formaldehyde кој ја надминува максималната граница од 80 mg/kg
  4. хемиски ризик бидејќи сложувалката ослободува 230 mg/kg formaldehyde кој ја надминува максималната граница од 80 mg/kg


Овие играчки се означени со „Не се за деца под 3 години“, иако е очигледно дека се направени за помали деца.

Овој производ не е според директивата за играчки и на европски стандард EN 71-9.
Производ: Сет пирати
Производител: Непознат
Земја на потекло: Хонг Конг

Производот претставува хемиски ризик бидејќи пластифицираниот дел содржи 30% масен удел од diisononyl phthalate (DINP).

Според директивата за хемиски рестрикции 76/769/EEC, одредени фталати во играчките се забранети.
Производ: Дрвена играчка, азбучен абакус
Производител: Непознат
Земја на потекло: Кина

Производот претставува хемиски ризик бидејќи нивото на олово и хром во бојата се повисоки од максималните дозволени граници:
  • олово 1260 mg/g + 2.4 mg/kg (граница 90 mg/kg)
  • хром 185 mg/kg + 1.0 mg/kg (граница 60 mg /kg)


Овој производ не е според директивата за играчки и на европски стандард EN 71.

Фталати - наречени пластификатори, се група на индустриски хемикалии кои се употребуваат врз пластиката (како на пример ПВЦ- поливинил хлорид), со цел да ја направат мека и издржлива или како растворувачи.Фталатите влијаат штетно на ендокриниот систем, го редуцираат бројот на сперматозоидите, предивикуваат атрофија на тестисите и структурни абнормалности во репродуктивниот систем, а некои студии ги поврзуваат фталатите и со развој на рак на црниот дроб.
Бензен - карциноген, долго изложување на бензен може да влијае на коскената срцевина и Формирањето на крвта. Кратко изложување на високи концентрации на бензен може да предизвика вртоглавици, поспаност, кома и смрт.
Формалдехид - Предизвикува алергиски реакции и е канцероген.
Толуен - при контакт со очите и кожата предизвикува иритација. Со вдишување предизвикува иритација на респираторниот тракт, а ако се проголта може да дојде до стомачни напади.
а - пинен - Опасен ако се проголта или вдише, претставува иритант за очите и кожата.
Етил бензен- Иритант за очите, кожата и респираторниот тракт. Во високи концентрации е наркотичен.
Фенол - Отровен ако се вдише или проголта, корозивен е.
Ацетофенон - Опасен ако се проголта, со вдишување или ако се апсорбира преку кожата. Иритант за кожа и очи.
Хром - Карциноген. Отровен ако се проголта.
Олово - Тежок метал кој е токсичен при вдишување или проголтување.
 
  Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!